TMX-2050™  Навигатор

Идеален за сложени работни активности, се користи за големи приклучни машини, апликации за повеќе производи или ако се потребни неопходни функции за ефикасно користење на вода, како што се насип, порамнување и дренажа.

TMX-2050™

Клучни функции

  • Автоматска контрола на самоодни машини со Trimble Autopilot, EZ-Pilot, EZ-Steer.
  • Автоматска контрола на приклучните машини со Trimble TrueTracker, TrueGuide.
  • Технологија NextSwath™ - автоматски ја врти машината кон следната патека, со системот Trimble Autopilot.
  • Trimble xFill™ овозможува континуирано работење во случај на губење сигнал од вашата базна станица или VRS мрежа на перманентни станици.
  • Опција VehicleSync™ - безжична размена на податоци за обработената површина помеѓу неколку машини кои работат на иста парцела.
  • ISOBUS компатибилен - ги заменува оригинални работни машински компјутери.
  • Контрола на работата на распрскувачи на минерални ѓубрива, прскалки и сеалки со ISOBUS конекција или систем Trimble Field-IQ.
  • Автоматско вклучување/исклучување на пресек - намалено преклопување при ѓубрење, прскање и сеење.
  • Променливо влезно дозирање.
  • Прецизна примена на азотно ѓубриво со системот Trimble GreenSeeker со оптички сензори
  • Следење на приносот и мерење на влага на житни култури.
  • Контрола на израмнување на парцелата со Trimble Field Level II и одводнување со Trimble WM- Drain.
  • Складирање податоци за обработливите парцели.
  • Мапирање на граници и објекти на парцели.
  • Пресметување на површината на парцелата.
  • Известување за извршените операции. Безжичен пренос на податоците од парцелата и работните задачи со помош на системот Trimble Connected Farm. .
  • Напредни функции Connected Farm - можност за инсталирање на апликацијата Connected Farm.
  • Можност за инсталирање дополнителни апликации за полјоделство.

Технички карактеристики

  • Екран со висока резолуција во боја, осетлив на допир, дијагонална големина 30.5cm и се користи за контрола до 6 материјали и контрола на секции на приклучни машини.
  • Android оперативен систем
  • Контролира до 256 секции со ISOBUS систем и 6 производи со Trimble Field-IQ системот за контрола на инпути.
  • Подесувачки работен екран
  • Подржува повеќе приемници кои се неопходни за функција порамнување и дренажа или управување на приклучни машини.
  • Интегрирана камера со поддршка за 2 додатни камери
  • Лесно пренослив од возило во возило
  • Подржува Trimble RTX корекциски сигнали