Батиметрија и хидрографски мерења
Снимање на дното на реки, езера и акумулации со беспилотни пловни дронови CHCNAV Apache – безбедно, брзо и без екипаж во водата.
Што добивате
Испорака подготвена за проектирање, во државен или локален координатен систем.
Батиметриски модел
Модел на дното и изобати
Кубатура на наноси
Пресметка на земјани маси и наноси
Профили
Попречни и надолжни профили на корита
Ортофото на брегот
Комбинирано со UAV снимање на копното
Премини и регулации
Подлоги за цевководи и регулација на корита
XYZ, DXF, CSV
Податоци подготвени за проектирање
Опрема со која работиме
Сопствена опрема од CHCNAV и Trimble – истата ја нудиме и за продажба, со обука и сервис.
Како изгледа соработката
Консултација и понуда
Ги дефинираме целта, точноста и рокот и ја предлагаме технологијата.
Планирање и снимање
Геодетска основа и мерења на терен со CHCNAV и Trimble опрема.
Обработка и контрола
Обработка и независна контрола на точноста пред испорака.
Испорака и поддршка
Податоци во бараниот формат и поддршка по испораката.
Поврзани проекти
Дел од реализираните проекти и референци од оваа област.
Чести прашања
Колку плитка вода може да се сними?
Пловните дронови Apache имаат мал газ и работат во плитки реки и канали каде што чамец тешко пристапува.
Дали се снима и копнениот дел?
Да, батиметријата ја комбинираме со UAV или GNSS снимање на бреговите за целосен модел.
Што добивам како резултат?
Модел на дното, изобати, профили и пресметка на кубатури, во XYZ, DXF, CSV и PDF елаборат.
Ви треба батиметрија и хидрографија?
Испратете ни локација, обем и рок – ќе ви предложиме решение и понуда.



