Класична геодезија и најсовремена технологија – на едно место
Гео Инновус ДООЕЛ е геодетска компанија од Скопје, специјализирана за високопрецизни геопросторни мерења, LiDAR и 3D скенирање, батиметрија и обработка на просторни податоци – и официјален овластен застапник на CHCNAV за Македонија.
Инженерски тим што ги поврзува теренот, технологијата и податоците
Ги интегрираме класичните геодетски методи со современите технологии – GNSS, роботизирани тотални станици, UAV LiDAR, рачни SLAM скенери, пловни дронови и GIS – и обезбедуваме инженерски решенија за инфраструктура, градежништво, енергетика, рударство, хидротехника, земјоделство и животна средина.
Како официјален овластен застапник на CHCNAV за геопросторни решенија, прецизно земјоделие и системи за градежни машини, нудиме продажба, интеграција, обука, техничка поддршка и инженерски консалтинг. Со Trimble имаме деловна соработка во продажба на геодетска опрема, поддршка и обука.

Опрема и технологија
Работиме со сопствена опрема од CHCNAV и Trimble – и истата ја нудиме на нашите клиенти, со обука и сервис.

GNSS приемници
RTK и IMU приемници, базни и CORS станици

Роботизирани станици
Trimble S-серија и CHCNAV CTS-R100

Рачни SLAM скенери
CHCNAV RS10 и RS7 – LiDAR + GNSS

UAV LiDAR системи
AlphaAir серија и беспилотни летала X500

Пловни дронови (USV)
Apache серија за батиметрија

Градежни машини
3D контрола на багери, грејдери, булдожери

Прецизно земјоделие
Автопилот, нивелирање и GNSS за трактори

Софтвер
CoProcess, LandStar и обработка на податоци
Како работиме со нашите клиенти
Квалитет
Прецизни и проверени резултати – квалитетот никогаш не е компромис.
Доверливост
Педантна, доследна работа и поддршка и по испораката.
Технологија
Најнова опрема и софтвер за брзи, сигурни и ефикасни проекти.
Стручност
Искусни инженери со знаење од повеќе индустрии.
Официјален овластен застапник
За геопросторни решенија, прецизно земјоделие и системи за градежни машини – продажба, интеграција, обука и техничка поддршка во Македонија.
Деловна соработка
Продажба на геодетска опрема Trimble, поддршка и обука – вклучително и проверена користена опрема.
Реализирани проекти по области
✈UAV LiDAR мапирање8 · 2 реф.
- UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување СтраиштеВаландово
- UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување ПепелиштеНеготино
- UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување ЛисичеВелес
- UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување КонскоГевгелија – Дојран
- UAV LiDAR мапирање – ветерен парк Демир Капија – Кожуф РеференцаДемир Капија – Кожуф (Габрово) · 2025
- LiDAR мапирање на речни корита и притокиМакедонија
- 3D мапирање на електрични столбови и спроводнициМакедонија
- UAV LiDAR мапирање – ветерен парк Крушево РеференцаКрушево – од манастирот Св. Преображение до Стара Мусица и Козјак Крстови · 2026
◎SLAM 3D скенирање3
- 3D скенирање на црква – дигитално зачувување на културно наследствоМакедонија
- 3D мапирање на мостовска конструкцијаМакедонија
- 3D подлога за просторно и партерно уредувањеМакедонија
≈Батиметрија (SONAR)2 · 1 реф.
- Батиметриско снимање на река Вардар – подземен премин на цевковод, КонскоКонско, Гевгелија
- Батиметриско снимање на Тиквешко езеро со USV – наноси во езерото РеференцаТиквешко езеро, Кавадарци · 2026
▦Инженерска геодезија – изведба10 · 10 реф.
- Комплекс на градби БМЗ – производство на батерии (урбан блок 9) РеференцаТИРЗ, Општина Петровец, Скопје
- Г2 – лесна и незагадувачка индустрија РеференцаТИРЗ, Општина Петровец, Скопје
- Инженерска геодезија – Новосоздадена населба Бахаш со партерно уредување РеференцаЗлокуќани, Општина Карпош, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбени згради Rubik Tower (ZSF KOM) РеференцаОпштина Карпош, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбена зграда Елена Лука РеференцаОпштина Бутел, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбени згради Биси Elysium РеференцаОпштина Кисела Вода, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбени згради Бонанца Урбан (СП Планет) РеференцаОпштина Ѓорче Петров, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбена зграда Бонанца Урбан (Ѓорче Пазар) РеференцаОпштина Ѓорче Петров, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбена зграда ARS Invest РеференцаОпштина Центар, Скопје
- Инженерска геодезија – Станбена зграда во нас. Нерези РеференцаОпштина Карпош, Скопје
⚙Индустриска геодезија3 · 3 реф.
- Индустриска геодезија – позиционирање на производствена машина, Железара РеференцаЖелезара, Скопје
- Индустриска геодезија – монтажа на нова кружна ножица, Железара РеференцаЖелезара, Скопје
- Индустриска геодезија – центрирање и нивелирање на производствена машина, Жито Лукс РеференцаОпштина Шуто Оризари, Скопје
Да работиме заедно
Консултација, понуда или демонстрација на опрема – јавете ни се или испратете барање.