Гео Инновус ДООЕЛ

Услуги

Геодетски и геопросторни услуги за проекти што бараат прецизност

Од обележување на градилиште до LiDAR мапирање од воздух, SLAM скенирање и батиметрија – со сопствена CHCNAV и Trimble опрема, искусен инженерски тим и испорака во формати подготвени за проектирање.

22.000+ha снимени со UAV LiDAR
670+km снимени траси на цевководи
25+реализирани проекти и референци
9специјализирани геодетски услуги
01

Геодезија на терен и во изведба

Класична геодезија со роботизирани станици и GNSS – точни мерења во секоја фаза од градбата.

02

3D снимање и далечинска детекција

Милиони точки во минута – од воздух, на земја и под вода. Брзо, безбедно и без прекин на работите на терен.

Како работиме

Од првиот разговор до испорачани податоци

Консултација и понуда

Ги дефинираме целта, потребната точност и роковите и ја предлагаме најсоодветната технологија.

Планирање и снимање

Геодетска основа, план на лет или скенирање и мерење на терен со CHCNAV и Trimble опрема.

Обработка и контрола

Обработка, класификација и независна контрола на точноста пред испорака.

Испорака и поддршка

Податоци во бараниот формат и координатен систем, со техничка поддршка и по испораката.

Испорака

Податоци подготвени за вашиот софтвер

Испорачуваме во државниот координатен систем или во локален систем на проектот, во формати што директно се користат во AutoCAD Civil 3D, Revit, QGIS, ArcGIS и платформите за BIM и GIS.

CADDWG · DXF3DLAS · LAZ · E57BIMRCP · IFCМрежниOBJ · PLYРастерGeoTIFF · ECWGISSHP · GeoPackageТочкиXYZ · CSVWebKML · KMZДокументиPDF елаборати
Искуство

Реализирани проекти по области

✈UAV LiDAR мапирање8 · 2 реф.
  1. UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување СтраиштеВаландово
  2. UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување ПепелиштеНеготино
  3. UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување ЛисичеВелес
  4. UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување КонскоГевгелија – Дојран
  5. UAV LiDAR мапирање – ветерен парк Демир Капија – Кожуф РеференцаДемир Капија – Кожуф (Габрово) · 2025
  6. LiDAR мапирање на речни корита и притокиМакедонија
  7. 3D мапирање на електрични столбови и спроводнициМакедонија
  8. UAV LiDAR мапирање – ветерен парк Крушево РеференцаКрушево – од манастирот Св. Преображение до Стара Мусица и Козјак Крстови · 2026
Отвори ја областа на страната Проекти →
◎SLAM 3D скенирање3
  1. 3D скенирање на црква – дигитално зачувување на културно наследствоМакедонија
  2. 3D мапирање на мостовска конструкцијаМакедонија
  3. 3D подлога за просторно и партерно уредувањеМакедонија
Отвори ја областа на страната Проекти →
≈Батиметрија (SONAR)2 · 1 реф.
  1. Батиметриско снимање на река Вардар – подземен премин на цевковод, КонскоКонско, Гевгелија
  2. Батиметриско снимање на Тиквешко езеро со USV – наноси во езерото РеференцаТиквешко езеро, Кавадарци · 2026
Отвори ја областа на страната Проекти →
▦Инженерска геодезија – изведба10 · 10 реф.
  1. Комплекс на градби БМЗ – производство на батерии (урбан блок 9) РеференцаТИРЗ, Општина Петровец, Скопје
  2. Г2 – лесна и незагадувачка индустрија РеференцаТИРЗ, Општина Петровец, Скопје
  3. Инженерска геодезија – Новосоздадена населба Бахаш со партерно уредување РеференцаЗлокуќани, Општина Карпош, Скопје
  4. Инженерска геодезија – Станбени згради Rubik Tower (ZSF KOM) РеференцаОпштина Карпош, Скопје
  5. Инженерска геодезија – Станбена зграда Елена Лука РеференцаОпштина Бутел, Скопје
  6. Инженерска геодезија – Станбени згради Биси Elysium РеференцаОпштина Кисела Вода, Скопје
  7. Инженерска геодезија – Станбени згради Бонанца Урбан (СП Планет) РеференцаОпштина Ѓорче Петров, Скопје
  8. Инженерска геодезија – Станбена зграда Бонанца Урбан (Ѓорче Пазар) РеференцаОпштина Ѓорче Петров, Скопје
  9. Инженерска геодезија – Станбена зграда ARS Invest РеференцаОпштина Центар, Скопје
  10. Инженерска геодезија – Станбена зграда во нас. Нерези РеференцаОпштина Карпош, Скопје
Отвори ја областа на страната Проекти →
⚙Индустриска геодезија3 · 3 реф.
  1. Индустриска геодезија – позиционирање на производствена машина, Железара РеференцаЖелезара, Скопје
  2. Индустриска геодезија – монтажа на нова кружна ножица, Железара РеференцаЖелезара, Скопје
  3. Индустриска геодезија – центрирање и нивелирање на производствена машина, Жито Лукс РеференцаОпштина Шуто Оризари, Скопје
Отвори ја областа на страната Проекти →

Сите проекти и референци →

Индустриски сектори

Обезбедуваме инженерски решенија за сектори каде прецизноста е клучна.

Инфраструктура и градежништво

Рударство и енергетика

Хидротехника и животна средина

Прецизно земјоделство

Индустрија и системи за градежни машини

Имате проект? Да го испланираме заедно.

Испратете ни локација, површина и рок – ќе ви предложиме технологија и понуда.

Scroll to Top