Клиент / ИнвеститорKEI Invest ДООЕЛ (преку EDACS International)
ЛокацијаКрушево – од манастирот Св. Преображение до Стара Мусица и Козјак Крстови
Година2026
Опсег / ТехнологијаUAV LiDAR · X500 + AlphaAir 9
Теренско снимање со воздушна LiDAR технологија за изработка на ажурирана геодетска подлога и геодетски елаборати за посебни намени за проектот ветерен парк Крушево. Нарачател е KEI Invest ДООЕЛ, преку EDACS International Ltd.
Податоци за проектот
- Нарачател: KEI Invest ДООЕЛ (преку EDACS International Ltd.)
- Локација: Крушево – подрачје од манастирската црква Св. Преображение до локалитетот Стара Мусица и Козјак Крстови
- Снимена површина: 350 ha
- Технологија: воздушно LiDAR снимање и геодетска обработка на податоците
- Година: 2026
Опрема и технологија
Снимањето е изведено со беспилотното летало CHCNAV X500 и воздушниот LiDAR + RGB систем CHCNAV AlphaAir 9.
Продукти од проектот
Испорачани продукти
- Облак на точки
- Ортофото
- Дигитален модел на терен (DTM)
- Дигитален модел на површина (DSM)
- Изохипси
- XYZ координати
- Геодетски елаборати за посебни намени на ажурираната геодетска подлога
Потврда од нарачателот
Нарачателот издаде потврда за успешно завршени геодетски услуги, со која потврдува дека услугите се изведени професионално и според високи стандарди, дека испорачаните податоци ги задоволуваат потребите на проектот и дека нема забелешки за квалитетот на работата и за роковите на испорака.
