Прецизни геодетски решења за инфраструктура, градежништво и земјоделство
Инженерска геодезија, LiDAR и 3D скенирање, батиметрија, аерофотограметрија и GIS – и современа геодетска опрема со продажба, обука и техничка поддршка.
Класична геодезија и најсовремена технологија – на едно место
Гео Инновус ДООЕЛ е геодетска компанија специјализирана за високопрецизни геопросторни мерења, GNSS позиционирање, LiDAR скенирање, обработка на просторни податоци и напредно 3D моделирање. Како официјален овластен застапник на CHCNAV за геопросторни решенија, прецизно земјоделие и системи за градежни машини, обезбедуваме продажба, интеграција, техничка поддршка и инженерски консалтинг. Со Trimble остваруваме деловна соработка во продажба, поддршка и обука.
Наши услуги
Комплетни геодетски и геопросторни услуги – од инженерска геодезија и стручен надзор, до LiDAR и SLAM скенирање, батиметрија, аерофотограметрија, GIS и обработка на податоци. Ги комбинираме класичните геодетски методи со најсовремена технологија.
Партнер на кој можете да се потпрете
Од избор на опрема до испорака на финален геодетски елаборат – со нас добивате технологија, знаење и поддршка на едно место.
Квалитет
Квалитетот е наша основна вредност. Испорачуваме прецизни и проверени решенија, бидејќи квалитетот никогаш не смее да биде компромис – сакаме клиентите да бидат целосно задоволни од резултатите што заедно ги постигнуваме.
Доверливост
Прецизноста и точноста се клучни во геодезијата, затоа нашите геодети работат педантно и доследно. Со техничка поддршка, сервис и обука сме до вас и по испораката – вашата доверба е нашата најголема награда.
Технологија
Како официјален застапник на CHCNAV вложуваме во најновата геодетска технологија – GNSS, роботизирани станици, LiDAR, 3D скенери и дронови – за секој проект да биде изведен брзо, сигурно и ефикасно.
Стручност
Искусен тим на дипломирани геодетски инженери со знаење од инфраструктура, градежништво, енергетика и земјоделие. Секоја задача ја анализираме темелно и ја изведуваме со внимание на деталите.
Индустриски сектори
Обезбедуваме инженерски решенија за сектори каде прецизноста е клучна.
Инфраструктура и градежништво
Рударство и енергетика
Хидротехника и животна средина
Прецизно земјоделство
Индустрија и системи за градежни машини
Геодетска опрема
Издвоени продукти – GNSS приемници, роботизирани станици, 3D скенери, нивелири, LiDAR и хидрографски системи. Со продажба, обука и техничка поддршка.
Реализирани проекти
UAV LiDAR и SLAM скенирање, батиметрија и геодетски услуги во изведба на индустриски и станбени објекти низ цела Македонија.
✈UAV LiDAR мапирање16
- Ветерен парк Демир Капија – КожуфДемир Капија – Кожуф (Габрово) · 2025
- Систем за наводнување КонскоГевгелија – Дојран
- 35 kV далекувод с. Врбен – Маврови Анови – Врутокс. Врбен – Маврови Анови – Вруток
- Систем за наводнување ЛисичеВелес
- Ветерен парк КрушевоКрушево – од манастирот Св. Преображение до Стара Мусица и Козјак Крстови · 2026
- Систем за наводнување СтраиштеВаландово
- Систем за наводнување ПепелиштеНеготино
- Локален пат Матејче – ЛопатеМатејче – Лопате
- Локален пат с. Скудриње – дел 1с. Скудриње
- Локален пат с. Дуфс. Дуф
- Локален пат с. Присојницас. Присојница
- Локален пат с. Скудриње – дел 2с. Скудриње
- Локални улици во с. Гари (6 улици)с. Гари
- Локален пат с. Ростушес. Ростуше
- Мапирање на речни корита и притокиМакедонија
- 3D мапирање на електрични столбови и спроводнициМакедонија
◎SLAM 3D скенирање3
- 3D скенирање на црква – дигитално зачувување на културно наследствоМакедонија
- 3D мапирање на мостовска конструкцијаМакедонија
- 3D подлога за просторно и партерно уредувањеМакедонија
≈Батиметрија (SONAR)2
- Тиквешко езеро – батиметрија и кубатура на наносиТиквешко езеро, Кавадарци · 2026
- Река Вардар – подземен премин на цевковод, КонскоКонско, Гевгелија
▦Инженерска геодезија – изведба8
- Населба Бахаш со партерно уредувањеЗлокуќани, Општина Карпош, Скопје
- Станбени згради Rubik Tower (ZSF KOM)Општина Карпош, Скопје
- Станбена зграда Елена ЛукаОпштина Бутел, Скопје
- Станбени згради Биси ElysiumОпштина Кисела Вода, Скопје
- Станбени згради Бонанца Урбан (СП Планет)Општина Ѓорче Петров, Скопје
- Станбена зграда Бонанца Урбан (Ѓорче Пазар)Општина Ѓорче Петров, Скопје
- Станбена зграда ARS InvestОпштина Центар, Скопје
- Станбена зграда во нас. НерезиОпштина Карпош, Скопје
⚙Индустриска геодезија5
- Позиционирање на производствена машина – Железара СкопјеЖелезара, Скопје
- Монтажа на нова кружна ножица – Железара СкопјеЖелезара, Скопје
- Центрирање и нивелирање на производствена машина – Жито ЛуксОпштина Шуто Оризари, Скопје
- Изведба на хала Г2 – лесна и незагадувачка индустријаИндустриска зона, Скопје · 2023
- Комплекс на градби БМЗ – производство на батерии (урбан блок 9)ТИРЗ, Општина Петровец, Скопје
Официјален овластен застапник на CHCNAV
За геопросторни решенија, прецизно земјоделие и системи за градежни машини индустриите – продажба, интеграција, техничка поддршка и инженерски консалтинг. Деловна соработка со Trimble во продажба на геодетска опрема, поддршка и обука.







