CHCNAV i93 VISUAL IMU-RTK GNSS

i93 е модерен приемник кој комбинира врвни GNSS технологии, Auto-IMU, RTK и поседува двојна камера. Користи алгоритам iStar GNSS RTK, multi-band GNSS канали и хибриден мотор за да постигне прецизно позиционирање и следење во предизвикувачки средини.

Преземи брошура

SKU: CHCNAV i93 VISUAL IMU-RTK GNSS Categories: ,

Подобрени GNSS RTK перформанси во предизвикувачки услови

i93 GNSS приемник има 1408 канали кои ги следат сите достапни констелации и фреквенции, тој се напојува со интегриран RF-SoC процесор и iStar CHCNAV технологија. Зголемени перформанси за 15% на GNSS RTK сигнали во предизвикувачки средини, i93 обезбедува сигурни и прецизни податоци за позиционирање. Вградениот хибриден мотор и комерцијалната техника за ублажување на пречки со тесен опсег го зголемуваат квалитетот на GNSS податоците и способностите за следење на сигналот за повеќе од 20%, обезбедувајќи најдобри можни перформанси на GNSS RTK за која било апликација.

VISUAL NAVIGATION AND STAKEOUT

Едноставно визуелно обележување

I93 со неговите интегрирани камери обезбедува извонредна 3D визуелизација.Со 3D визуелниот приказ на софтверот LandStar, геодетите се водени преку јасна визуелна насока со дефинирана стрелка за движење и растојание во реално време до точката на обележување која јасно е исцртана на вашиот екран.

Покрај тоа, 3D визуелните способности се исто така достапни за обележување на линии и обележување на CAD мапи, што доведува до олеснување на теренски задачи за по неискусни оператори, зголемена продуктивност и зголемена ефективност до 50%.

VISUAL SURVEY AND 3D MODELING

Лесно премерување: Погледнете ја точноста во 3D

i93 е најсовремена геодетска алатка која комбинира GNSS, IMU и две премиум глобални камери со технологија за видео фотограметрија. Испорачува 3D координати за премерот од реалниот терен преку видео снимање од неколку секунди, што го олеснува геодетските мерења на тешко достапни терени, терен со попречен сигнал и опасни терени. Со своето динамично панорамско видео снимање и автоматско усогласување на сликите, i93 ја подобрува продуктивноста до 60%. Автоматското континуирано фотографирање со голема брзина и соединување на генерираните слики со преклопување од 85%, обезбедуваат висок успех во обработката. Геодетите кои бараат олеснување, брзина и точност, приемникот i93 GNSS е идеална алатка.

FAST, RELIABLE INDUSTRIAL AUTO-IMU

Сигурна точност со автоматска IMU иницијализација

i93 GNSS се одликува со најсовремениот Auto-IMU од 200Hz од CHCNAV, кој ја елиминира потребата за мануелна иницијализација и ги поедноставува геодетските операции на терен.

Со корекции на IMU достапни дури и кога GPS копјето се носи на рамо, во рака или е поставен хоризонтално, технологијата за автоматска компензација на навалување на GPS копјето IMU-RTK на i93 може да ја подобри геодетската работа, брзина при мапирање и зголемување на ефективност до 30% во инженерството.

Мерењето и обележувањето со висока прецизност е дозволено со навалување на GPS копјето до 60 степени, што го прави i93 совршено решение за инженери, проект менаџери и геодети.

ENGINEERED FOR VERSATILE FIELD USE

Непречено работење во било кој RTK режим

i93 поседува интегрирани Wi-Fi, Bluetooth и NFC конекции кои овозможуваат беспрекорно поврзување со теренските контролери и таблети за теренски податоци. Интегрираните 4G и UHF модеми ги поддржуваат сите режими на GNSS конекции. Паметното управување со енергија обезбедува до 34 часа работа како мрежен ровер GNSS RTK и ја елиминира потребата од резервни или надворешни батерии. Телото на i93 GNSS е изработено од легура на магнезиум и е отпорно на удари, прашина и вода.

 

Гео Инновус е официјален претставник на ценети светски брендови како што се CHCNAV и Trimble. Ви нудиме сеопфатна палета на производи кои опфаќаат три клучни индустрии: земјоделство, геодезија и градежништво.

Мени

Контакт

078 333 251
geoinnovus@gmail.com
Скопје, Влае