Trimble S5

Роботизирана тотална станица за најширок опсег на примена

Trimble S5 е роботизирана тотална станица наменета за најширок опсег на геодетски активности. Се заснова на докажани технологии Trimble – вклучувајќи ги Trimble SurePoint и MagDrive, како и далечиномер DR Plus EDM – обезбедувајќи висока продуктивност во работата со максимален квалитет на резултати.

Превземи брошура

 

Клучни карактеристики

Сè што ви е потребно за ефективен геодетски премер

Autolok или роботик верзија

Мерете прецузно и побрзо со должиномерот Trimble DR Plus EDM

Locate2Protect веб-услуги за заштита од кражба и следење на инструментите во реално време.

Комплетно решение терен-канцеларија за брзо мерење и обработка на податоци

Лесна интеграција со Trimble V10 Imaging Rover и GNSS приемници за интегриран геодетски систем

 

Роботизираната тотална станица Trimble S5 се испорачува во две верзии: Autolock за автоматско следење на призма или Robotic за целосно автоматско работење без присуство на оператор до станицата.

Безшумните електромагнетни мотори MagDrive обезбедуваат лесно и брзо ротирање на инструментот, прецизно насочување, автоматска промена на гирус или обележување, следење на призмата и управување од далечина. Во случај на можно слегнување на инструментот за време на работата, технологијата SurePoint ќе ги компензира отстапувањата и ќе го коригира видот, обезбедувајќи точни мерења и целосна безбедност при далечинско управување.

Превземи брошура

Гео Инновус е официјален претставник на ценети светски брендови како што се CHCNAV и Trimble. Ви нудиме сеопфатна палета на производи кои опфаќаат три клучни индустрии: земјоделство, геодезија и градежништво.

Мени

Контакт

078 333 251
geoinnovus@gmail.com
Скопје, Влае