Гео Инновус ДООЕЛ

UAV LiDAR мапирање – систем за наводнување Страиште

Клиент / ИнвеститорСистем за наводнување Страиште
ЛокацијаВаландово
Опсег / ТехнологијаUAV LiDAR · X500 + AlphaAir 9

Геодетска подлога за проектирање на системот за наводнување Страиште, изработена со воздушно LiDAR скенирање. Со линиско скенирање по трасите на главниот и секундарниот цевковод добиен е прецизен дигитален модел на теренот по целата должина на системот, без потреба од долготрајно класично теренско мерење.

Податоци за проектот

  • Локација: Валандово
  • Начин на скенирање: линиско (коридорско) скенирање
  • Вкупна должина на снимање: 70.250 m¹
    • Главен цевковод: 20.900 m¹
    • Секундарен цевковод: 49.350 m¹
  • Вкупна снимена површина: 1.895 ha

Опрема и технологија

Снимањето е изведено со професионалното беспилотно летало CHCNAV X500 во комбинација со воздушниот LiDAR + RGB систем CHCNAV AlphaAir 9 (до 500.000 мерења во секунда, интегриран GNSS/IMU систем и професионална RGB камера). Системот овозможува детекција на теренот и под густа вегетација и висока густина на точки.

Продукти од проектот

Траси на главен и секундарен цевковод
Траси на главен и секундарен цевковод

Испорачани продукти

  • Геореференциран облак на точки (LAS/LAZ) класифициран на терен, вегетација и објекти
  • Дигитален модел на терен (DTM) и дигитален модел на површина (DSM)
  • Ортофото со висока резолуција
  • Изохипси, надолжни и попречни профили по трасата
  • Ажурирана геодетска подлога во CAD/GIS формат за проектирање

← Сите проекти и референци

Scroll to Top