Клиент / ИнвеститорСистем за наводнување Лисиче
ЛокацијаВелес
Опсег / ТехнологијаUAV LiDAR · X500 + AlphaAir 9
Геодетска подлога за проектирање на системот за наводнување Лисиче, изработена со воздушно LiDAR скенирање. Со линиско скенирање по трасите на главниот и секундарниот цевковод добиен е прецизен дигитален модел на теренот по целата должина на системот, без потреба од долготрајно класично теренско мерење.
Податоци за проектот
- Локација: Велес
- Начин на скенирање: линиско (коридорско) скенирање
- Вкупна должина на снимање: 219.030 m¹
- Главен цевковод: 33.689 m¹
- Секундарен цевковод: 185.341 m¹
- Вкупна снимена површина: 5.200 ha
Опрема и технологија
Снимањето е изведено со професионалното беспилотно летало CHCNAV X500 во комбинација со воздушниот LiDAR + RGB систем CHCNAV AlphaAir 9 (до 500.000 мерења во секунда, интегриран GNSS/IMU систем и професионална RGB камера). Системот овозможува детекција на теренот и под густа вегетација и висока густина на точки.
Продукти од проектот
Испорачани продукти
- Геореференциран облак на точки (LAS/LAZ) класифициран на терен, вегетација и објекти
- Дигитален модел на терен (DTM) и дигитален модел на површина (DSM)
- Ортофото со висока резолуција
- Изохипси, надолжни и попречни профили по трасата
- Ажурирана геодетска подлога во CAD/GIS формат за проектирање
