ЛокацијаМакедонија
Опсег / ТехнологијаUAV LiDAR · X500 + AlphaAir 9
Воздушно LiDAR снимање на далновод – електрични столбови и спроводници – со цел изработка на прецизен 3D модел на инфраструктурата и коридорот. Облакот на точки ги прикажува спроводниците, нивниот провес и положбата во однос на теренот и вегетацијата.
Опрема и технологија
Снимањето е изведено со професионалното беспилотно летало CHCNAV X500 во комбинација со воздушниот LiDAR + RGB систем CHCNAV AlphaAir 9 (до 500.000 мерења во секунда, интегриран GNSS/IMU систем и професионална RGB камера). Системот овозможува детекција на теренот и под густа вегетација и висока густина на точки.
Продукти од проектот
Испорачани продукти
- Класифициран облак на точки (терен, вегетација, столбови, спроводници)
- 3D модел на столбовите и спроводниците
- Анализа на сигурносни растојанија до терен и вегетација
- Подлога за одржување и реконструкција на мрежата
