Клиент / ИнвеститорСистем за наводнување Конско
ЛокацијаКонско, Гевгелија
Опсег / ТехнологијаUSV SONAR · CHCNAV Apache 3
Геодетска подлога за проектирање на подземен премин на цевковод под река Вардар, како дел од системот за наводнување Конско. Подводниот дел од коритото е снимен со безекипажниот пловен дрон (USV) CHCNAV Apache 3 со ехосондер, а копнениот дел со фотограметрија и GNSS.
Опрема и технологија
CHCNAV Apache 3 е пловен дрон од нова генерација за прецизно мапирање на подводниот и надводниот терен, со интегриран GNSS и IMU, висока густина на мерења и брзо, безбедно собирање податоци без потреба од чамец и екипаж во водата.
Продукти од проектот
Испорачани продукти
- Ортофото на зафатот
- Дигитален модел на терен (DTM) на коритото и бреговите
- Надолжен и попречни профили со кота на терен и кота на вода
- Батиметриски податоци (XYZ, DXF, CSV) за проектирање на преминот

