3D ласерско мапирање и SLAM скенирање
Рачно SLAM скенирање со CHCNAV RS10 и RS7 – објекти, ентериери, мостови, фасади и културно наследство снимени брзо, без контакт и со геореференцирање во реално време.
Што добивате
Испорака подготвена за проектирање, во државен или локален координатен систем.
Облак на точки во боја
RGB облак на точки – LAS, E57
Scan-to-BIM
Подлоги за Revit и BIM модели на изведена состојба
3D mesh модели
Текстурирани модели – OBJ, PLY
Gaussian Splatting
Фотореалистични 3D визуелизации
Пресеци и основи
Хоризонтални и вертикални пресеци, фасади
Волумени
Кубатури на материјали, ископи и депонии
Опрема со која работиме
Сопствена опрема од CHCNAV и Trimble – истата ја нудиме и за продажба, со обука и сервис.
Како изгледа соработката
Консултација и понуда
Ги дефинираме целта, точноста и рокот и ја предлагаме технологијата.
Планирање и снимање
Геодетска основа и мерења на терен со CHCNAV и Trimble опрема.
Обработка и контрола
Обработка и независна контрола на точноста пред испорака.
Испорака и поддршка
Податоци во бараниот формат и поддршка по испораката.
Поврзани проекти
Дел од реализираните проекти и референци од оваа област.
Чести прашања
Што е SLAM скенирање?
Скенерот ја пресметува својата положба додека се движите и истовремено го снима просторот – без статив и без поставување станици.
Дали може да се скенира внатрешност без GNSS сигнал?
Да. RS10 непрекинато скенира од надвор кон внатре и ги поврзува податоците без прекин.
Дали испорачувате модели за Revit?
Да, облаци на точки за Scan-to-BIM и, по договор, моделирање во BIM.
Ви треба 3d ласерско мапирање?
Испратете ни локација, обем и рок – ќе ви предложиме решение и понуда.




