Гео Инновус ДООЕЛ

35 kV далекувод с. Врбен – Маврови Анови – Вруток

Локацијас. Врбен – Маврови Анови – Вруток
Обем / технологијаUAV LiDAR · 16,6 km траса · 35 kV далекувод
Статус✓ Успешно завршен

Го снимивме со LiDAR целиот постоечки 35 kV далекувод на релација с. Врбен – Маврови Анови – Вруток, во должина од 16,60 km. Целта беше да се добие точен дигитален просторен приказ на сегашната состојба на далекуводот: столбовите, проводниците и теренот околу трасата.

Добиените податоци служат како основа за инженерски анализи, проектирање и одржување. Нарачателот може самостојно да ги анализира и визуелизира во стандардни GIS и CAD алатки.

LiDAR 3D модел на 35 kV далекувод Врбен – Маврови Анови – Вруток: терен, столбови и проводници
Класифициран LiDAR 3D модел – терен (обоен по висина), столбови (сино) и проводници (црвено).

Податоци за проектот

  • Локација: с. Врбен – Маврови Анови – Вруток
  • Должина на трасата: 16,60 km (Дел 1: 14,00 km · Дел 2: 2,60 km)
  • Тип на проект: LiDAR снимање, геодетска обработка и техничка документација

Што опфати работата

  • LiDAR снимање по должината на целата траса
  • Мерење и евидентирање на температурата на воздухот за време на снимањето
  • Поставување и геодетско мерење на контролни точки (GCP) за проверка на точноста
  • Геореференцирање и целосна обработка на облакот од точки
  • Класификација на точките на теренот, столбовите и проводниците
  • Определување на координатите на сите проводници и на карактеристичните точки на столбовите
  • Изработка на ортофото, DSM, DTM и изохипси

Класификација на облакот од точки

Облакот од точки е поделен во три класи, за објектите лесно да се изберат и анализираат:

  • Ground (терен): точките што ја опишуваат природната и постоечката површина на теренот
  • Poles (столбови): точките на столбовите и носечките конструкции
  • Conductors (проводници): точките на сите електрични проводници, издвоени како посебна класа

Координати на столбовите и проводниците

Столбови: за секој столб определивме пет точки. Четири се на местата каде што секој проводник е прицврстен за конструкцијата, а петтата е на основната плоча, односно темелот.

Проводници: ги извадивме координатите на сите проводници по целата должина на трасата, со што е зачувана нивната просторна геометрија во секој распон. За секој распон дополнително го определивме приближниот најнизок дел на секој проводник.

Сите координати се дадени како X, Y и Z, со нумерирани столбови и означени распони.

Температура на воздухот

За време на снимањето ја меревме и ја запишувавме температурата на воздухот. Провисувањето на проводниците зависи од температурата, па овој податок дава контекст за снимената геометрија. Со него може подоцна да се пресмета провисувањето и сигурносните растојанија за други температурни услови.

Геодетска основа и точност

Точноста на обработените податоци ја проверивме со контролни точки (GCP) што самите ги поставивме и геодетски ги измеривме. При геореференцирањето ги применивме официјалните трансформациски параметри за локацијата. Постигнатата точност е документирана во посебен извештај.

Испорачани продукти

Продукт Формат
Класифициран LiDAR облак од точки (терен, столбови, проводници) LAS
Ортофото по целата траса GeoTIFF, ECW
Дигитален модел на површината (DSM) GeoTIFF
Дигитален модел на теренот (DTM) GeoTIFF
Изохипси DWG / DXF
Координати X, Y, Z на столбовите и на сите проводници Excel
Измерена температура на воздухот за време на снимањето Excel / технички извештај
Извештај за геодетската точност (GCP) Excel
Технички извештај PDF

Резултат

Нарачателот доби целосен, геореференциран 3D модел на далекуводот и неговата околина, со запишани температурни услови од снимањето. Моделот е подготвен за проверка на сигурносните растојанија, анализа на провисувањето, планирање на реконструкција и долгорочно управување со инфраструктурата.

Имате сличен проект?

Ќе ви предложиме најсоодветна технологија, рок и понуда.

Побарајте понуда →

← Сите проекти

Scroll to Top