UAV LiDAR мапирање на големи површини и коридори
Воздушно LiDAR снимање со беспилотни летала CHCNAV X500 и системи AlphaAir – прецизен модел на теренот и под густа вегетација, за проектирање на системи за наводнување, ветерни паркови, патишта и далноводи.
Што добивате
Испорака подготвена за проектирање, во државен или локален координатен систем.
Облак на точки
Класифициран на терен, вегетација, објекти – LAS/LAZ
DTM и DSM
Дигитален модел на терен и на површина
Ортофото
Високорезолуциско ортофото од RGB камерата
Изохипси и профили
Надолжни и попречни профили по трасата
Коридорско снимање
Цевководи, патишта, далноводи, речни корита
Подлоги за проектирање
CAD/GIS подлоги и геодетски елаборати
Опрема со која работиме
Сопствена опрема од CHCNAV и Trimble – истата ја нудиме и за продажба, со обука и сервис.
Како изгледа соработката
Консултација и понуда
Ги дефинираме целта, точноста и рокот и ја предлагаме технологијата.
Планирање и снимање
Геодетска основа и мерења на терен со CHCNAV и Trimble опрема.
Обработка и контрола
Обработка и независна контрола на точноста пред испорака.
Испорака и поддршка
Податоци во бараниот формат и поддршка по испораката.
Поврзани проекти
Дел од реализираните проекти и референци од оваа област.
Чести прашања
Колкава површина може да се сними за еден ден?
Зависи од теренот, висината на летот и густината на точки – обично од неколку стотини до над илјада хектари дневно.
Дали LiDAR го снима теренот под шумата?
Да, ласерските импулси продираат низ вегетацијата и даваат точки од теренот – предност во однос на класичната фотограметрија.
Во кој формат ги испорачувате податоците?
LAS/LAZ облак на точки, DTM/DSM во GeoTIFF, ортофото, изохипси и профили во DWG/DXF – во државен или локален координатен систем.
Ви треба lidar мапирање?
Испратете ни локација, обем и рок – ќе ви предложиме решение и понуда.





