CHCNAV AlphaAir 6 Dual – врвен LiDAR систем со две камери
CHCNAV AlphaAir 6 Dual (AA6D) е воздушен LiDAR систем за снимање на сложен и брдовит терен. Со призматично скенирање и инерцијален систем мери до 2.100 m, при висина на лет од 100 до 600 m, а двете камери даваат ултраширок агол од 110°.
Главни карактеристики
- Голем домет – до 2.100 m.
- Висока густина – до 2.000.000 точки/s.
- Видно поле 110° – две APS-C камери по 26 MP.
- Лесен – 1,85 kg.
Технички карактеристики
| Домет | 2100 m @80%, 960 m @10% |
| Брзина на скенирање | до 2.000.000 точки/s |
| Видно поле (ласер) | 90° |
| Повратни сигнали | до 16 |
| Резолуција на камера | 2 × 26 MP (6252 × 4168) |
| Видно поле (камера) | 110° |
| Фокусна должина | 16 mm |
| CMOS сензор | APS-C |
| GNSS | Сите GNSS системи |
| IMU | 500 Hz |
| Максимална прецизност | < 5 cm H / < 5 cm V |
| Работна температура | −20 °C до +50 °C |
| Заштита | IP64 |
| Тежина | 1,85 kg |
| Димензии | 223,5 × 120 × 129 mm |
| Меморија | 512 GB |
Гео Инновус ДООЕЛ е официјален овластен застапник на CHCNAV за Македонија – продажба, обука, сервис и техничка поддршка. Цена по барање.






