CHCNAV NX510 PRO-Auto Steer

NX510 PRO е автоматизиран систем за управување кој е компатибилен за многу видови на нови и стари самоодни земјоделски машини (трактори, комбајн, самоодна прскалка). Обезбедува значителни придобивки во продуктивноста, работи во сите услови на видливост и го намалува заморот на операторот.

NX510 PRO користи интегриран контролер за наведување од најновата генерација. Неговите подобрени вградени модули за поврзување вклучуваат 4G модем и дополнителен UHF радио модем за да ви овозможат да работите со вашите омилени извори за корекција на RTK и RTX™ конекции. Покрај тоа, може да се префрли од еден трактор во друг, нудејќи неспоредлива флексибилност. Системот ги подржува сите GNSS констелации кој нуди зголемена прецизност за оптимална доверливост на навигацијата.

Комбинираната технологија за компензација на теренот GNSS+INS обезбедува прецизност на возењето без раце во рамките на еден сантиметар (или под-инч) и супериорни перформанси.

Следење на повеќе констелации + L-BAND

Компатибилен со GNSS RTK и RTX™ сигнали за корекција

NX510 SE е напреден контролер за водење напојуван од повеќе извори на корекција и 5 сателитски констелации: GPS, GLONASS, Galileo, Beidou и QZSS. Неговиот вграден 4G и UHF модем беспрекорно се поврзува со сите DGPS и RTK конекции. Способноста на L-band овозможува на системот да работи сигурно со RTX® конекции.

Дополнително поседува технологија за компензација на теренот и одржува прецизност од 2.5cm од премин до следен премин, дури и за предизвикувачко тешки терени.

БРЗ, ЛЕСЕН ЗА РАКОВОДЕЊЕ И РУГИДЕН ТАБЛЕТ

Интуитивен AgNav софтвер за контрола на сите операции, која работи на таблет од дијагонала од 10.1 inch со индустриско куќиште отпорно на прашина.

Апликацијата за навигација AgNav поддржува различни функции за навигација, вклучувајќи:

  • AB праволиниско водење
  • А+ линија
  • Дијагонално водење
  • Водење во круг
  • Самостојно вртење на тракторот на крајот од патеката
  • Криволиниско водење
  • Слободна патека
  • Патека на пат и сл.

 

Ругиден дизајн и докажана сигурност

Атрактивен и фино профилиран волан со електричен мотор со висок вртежен момент. Индустриски дизајн на NX510 SE е водоотпорен и отпорен на прашина (оценка i65 или повисока), воедно и совршено прилагодлив на земјоделска средина. Благодарение на електромоторот, автоматското управување е многу брзо и прецизно и го одржува тракторот во предвидениот премин.

Камера

Секој систем за автоматска контрола доаѓа со камера. Камерата овозможува следење на машината во работа. На екранот, истовремено можете да го видите преминот на тракторот, како и прикажувањето на сликата од камерата.

 

Гео Инновус е официјален претставник на ценети светски брендови како што се CHCNAV и Trimble. Ви нудиме сеопфатна палета на производи кои опфаќаат три клучни индустрии: земјоделство, геодезија и градежништво.

Мени

Контакт

078 333 251
geoinnovus@gmail.com
Скопје, Влае